Здравко Стојмиров доаѓа со „Фетишист“ во Прилеп

Монодрамата „Фетишист“, работена по текст на Мишел Турние, на сцена носи длабока и апсурдна приказна за еден човек кој живее помеѓу суровата реалност и сопствениот фантазен свет.

Претставата ја истражува извртената реалност на ликот, обликувана од траумите на војните од минатото, личните неуспеси, општествениот притисок и наметнатите вредности. Иако изгубен во секојдневието, јунакот успева да опстане во својот внатрешен свет, создавајќи сопствена верзија на среќата и задоволството.

„Фетишист“ е апсурдна и трагикомична приказна за човек кој се обидува да се справи со сопствените мрачни нагони, слабости и желби, но и со немоќта пред судбината – како сила што ги одредува сите можни патишта на постоењето. Неговиот живот, исполнет со неочекувани задоволства и длабоки внатрешни конфликти, станува огледало на современиот човек, фатен меѓу она што е и она што сака да биде.

Преку богата фантазија и силна актерска изведба, претставата нè води низ свет во кој би било можно да постои убав и исполнет живот – доколку судбината не стои како непроменлива и конечна константа.

  • Актер и режија: Здравко Стојмиров
  • Музика: Пеце Брада Трајковски
  • Сценографија: Драган Ангелковиќ, Бранко Стојмиров, Здравко Стојмиров
  • Светло мајстори: Горан Петровски / Игор Мицевски
  • Тон мајстори: Николче Терзиевски / Александар Димовски

Награди

  • Награда за „Најдобра машка улога“ на фестивалот „Албамоно“, Поградец, Албанија – јуни 2025
  • Награда „Актер на Европа“ за годишно актерско остварување на фестивалот „Актерот на Европа“, Ресен – јули 2025

17 февруари ( Вторник) во 20.00 часот.

Билетите може да се купат секој работен ден, почнувајќи од четврток, 12.02.2026 година, во термини од 10:00 до 12:00 часот и од 18:00 до 20:00 часот, на билетарницата на НУЦК „Марко Цепенков“.

Цена на билет: 250 денари

За информации и резервации: 076/442-378

Слични Објави