|

Извештај на ЈП за Одржување и заштита на магистрални и регионални патишта

Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по претежно влажни коловози, на повисоките места  во западните делови од државата со мали остатоци од кашест снег на коловозот по интервенција на нашите дежурни екипи.

Врнежи од снег со променлив интензитет се бележат на Попова Шапка, во Маврово и на планинскиот превој Стража. На планинскиот превој Буково врнежите се од дожд и снег – (лапавица).



Од 05.40 часот поради врнежи од снег се воведува забрана за сообраќај за тешки товарни возила  на патниот правец Гостивар – Кичево преку планинскиот превој Стража.

Од 05.45 часот поради врнежи од снег се  воведува забрана за сообраќај за тешки товарни возила на патниот правец  крак Маврово – Дебар.

Од 05.55 часот поради врнежи од снег на патниот правец Тетово – Попова Шапка се  воведува забрана за сообраќај за автобуси, а за останатите видови на возила задолжителна е употреба на зимска опрема.

Сите патни правци во државата се проодни.

На одредени патни правци кои поминуваат низ усеци и клисури можна е појава на поситни одрони.

ЈП Македонијапат апелира на внимателно управување со возилата, почитување на поставената сообраќајна сигнализација, како и прилагодување на брзината спрема условите на патот.

Дежурните екипи на ЈП МАКЕДОНИЈАПАТ  се постојано на терен и ги одржуваат сите патни правци проодни.

Сите подетални информации учесниците во сообраќајот можат да ги добијат на нашиот дежурен телефон 02  25 61 502.

Слични Објави