Земјотрес во Македонија
Земјотрес со интензитет од 3 степени според Европската макросеизмичка скала е почувствуван ноќеска во Охрид и околината.
Земјотресот бил со Рихтерова магнитуда од 2,2, а е почувствуван во 03.18 часот.
Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје соопшти дека епицентарот потекнува од епицентралното подрачје Пештани-Охрид-Струга на околу 105 километри југозападно од Скопје.


