Лажни ПОРАКИ во име на УЈП може да ви ги украде личните и банкарските податоци
ВАЖНО ИЗВЕСТУВАЊЕ ОД УЈП – ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ ДО ГРАЃАНИТЕ
Во текот на денешниот ден до граѓани пристигнуваат лажни SMS пораки во име на Управата за јавни приходи (УЈП), со известување дека „даночниот поврат е подготвен“ и со приложен линк.

ВНИМАНИЕ: Не отворајте ги линковите и не внесувајте лични или банкарски податоци
Управата за јавни приходи (УЈП) предупредува дека денес до граѓани пристигнуваат лажни SMS пораки во кои се наведува дека „даночниот поврат е подготвен“, при што во пораката е приложен линк.
Од УЈП апелираат граѓаните да не го отвораат линкот и да не внесуваат лични, банкарски или други чувствителни податоци. Пораките може да претставуваат обид за измама и злоупотреба на лични и финансиски информации.
Сите информации поврзани со УЈП граѓаните треба да ги проверуваат исклучиво преку официјалните канали на институцијата:
🌐 www.ujp.gov.mk
📧 info@ujp.gov.mk
☎️ 0800 33 000 – само од фиксни оператори
☎️ 02 3253 200
УЈП ги повикува граѓаните да бидат особено внимателни и да не кликаат на линкови од сомнителни SMS пораки, ниту да споделуваат лични и банкарски податоци.
Споделете го предупредувањето со вашите блиски за да се спречат можни злоупотреби


