Прилеп добива нова уметничка и урбана димензија

Во рамки на 18. Ликовна колонија „Марко Цепенков“ – Дрен, годинава посебно внимание е посветено на создавањето монументални скулптури, кои се планира да бидат поставени во јавниот простор во Прилеп.

Со проектот, по повеќе од четири децении, повторно се отвора простор за организирано создавање скулптури од поголеми размери, со намера уметничките дела да станат дел од урбаниот амбиент и секојдневниот живот на граѓаните.

Општина Прилеп за првпат обезбедила финансиска поддршка за ликовната колонија, а во реализацијата се вклучени Центарот за култура, организаторите, Тутунскиот комбинат, кој го отстапил просторот, како и Министерството за култура и туризам.

Градоначалникот на Прилеп, Дејан Проданоски, истакна дека вложувањата во културата и уметноста се дел од развојот на градот, покрај инфраструктурните проекти.

„Прилеп го градиме со инфраструктура, а го оживуваме со култура, идеи и дела кои оставаат трага“, порача Проданоски.

Организаторите очекуваат скулптурите создадени во рамки на колонијата да придонесат кон збогатување на јавниот простор и културната понуда на Прилеп.

Слични Објави