Хуманитарна забава за Стефани: Да ѝ помогнеме да застане на свои нозе

Во Прилеп ќе се одржи хуманитарна забава за 21-годишната Стефани, која има потреба од средства за лекување и рехабилитација, со цел да направи чекор поблиску до тоа самостојно да застане на свои нозе.

Хуманитарниот настан е во организација на Лајонс клуб Прилеп, а на забавата ќе настапат The Doctors, Кнап & Киран Иваноска.

Забавата ќе се одржи во недела, 30 август 2026 година, со почеток во 21 часот, во кафе „Чоше“.

Организаторите упатуваат повик до граѓаните да се приклучат на хуманитарната акција и заеднички да ѝ помогнат на Стефани во нејзината борба за поголема самостојност.

За донации ќе биде поставена кутија за донации на самата забава.

„Да ѝ подариме надеж. Да ѝ подариме чекор. Да ѝ подариме иднина“ е пораката со која организаторите ги повикуваат прилепчани да бидат дел од оваа хуманитарна приказна.

Слични Објави