ДА И ПОМОГНЕМЕ НА МАРИНА ГУЛЕСКА ОД ПРИЛЕП ПОВТОРНО ДА ЗАСТАНЕ НА НОЗЕ!
Прилепчанката Марина Гулеска, невработена самохрана мајка на две деца, води долга и макотрпна борба со последиците од хеморагичен мозочен удар што го преживеала пред 18 години за време на бременоста. Денес, на Марина повторно ѝ е потребна нашата поддршка за да го изоди патот до целосно оздравување.
Благодарение на хуманоста на граѓаните кои сочувствуваа и донираа пред извесно време, со претходните терапии беше постигнат значаен напредок – нејзината состојба со делумна парализа и неможноста за движење на едната рака и нога (спастична левострана слабост) забележливо се подобри.
Сепак, за лекувањето да даде целосни и трајни резултати, медицинскиот тим препорачува нов третман со матични клетки и рехабилитација во Турција.
Потребни се 9.000 евра за подобрување на нејзиното здравје.
Овој медицински зафат и рехабилитациски процес чинат 21.000 евра сума која Марина, како невработена самохрана мајка што секојдневно се бори за егзистенцијата на своето семејство, не е во можност самa да ја обезбеди при што во моментот фалат уште 9.000 евра за нејзиното лекување.
Според официјалната медицинска документација (дијагнози I69 и G81.1), третманот во Турција е нејзината најголема шанса да ја врати функционалноста на телото и повторно да застане на нозе.
НАЧИНИ ЗА ДОНАЦИЈА:
Отворени се телефонските линии каде што со еден повик донирате за оздравување на Марина:
За корисниците на A1: 143 504
За корисниците на Телеком: 143 115
Емотивна порака од Марина до сите хумани луѓе:
- „Ви посакувам сè најубаво на сите што ми помогнавте, како и на сите останати кои пројавија желба за донација. Можеби не можам да ви возвратам за Вашата хуманост, но можам само да ви посакам здравје, среќа и долг живот.“
Марина од сè срце се надева и посакува и овој пат да го почувствува добротворниот дух на граѓаните и заедно да успеат во оваа животна борба.
Да ја покажеме уште еднаш нашата солидарност — со секоја донација и споделување на овој апел сме чекор поблиску до победата на Марина!
ДОПОЛНИТЕЛНИ ИНФОРМАЦИИ ЗА ДОНАЦИИ
Ж-ка 210-7000006615/79
Тутунска Банка девизна сметка: Name/Surname: Marina Guleska
Address: Ul. Dimo Narednikot Br.53B-17 , 7500 Prilep
IBAN: MK07 2105 0166 1656 124 BIC/SWIFT: TUTNMK22 BANK
NAME: NLB BANKA AD SKOPJE BANK ADRESS:
UL. MAJKA TEREZA BR.1 , 1000 SKOPJE



