| |

Прилепчанец победник на Третиот Балкански покер шампионат

Заврши третиот Балкански покер шампионат, кој се одржа во таканаречениот „Македонски Лас Вегас“, а годинашниот победник е прилепчанецот Дадо Думаниќ. За разлика од минатата година, кога во финалето второпласиран беше охриѓанецот Симон Божиноски, овојпат главната награда остана во Македонија.

Од Македонската покер федерација информираат дека Думаниќ во поголемиот дел од турнирот доминирал како чип-лидер, а со своето искуство успеал да ја сочува и зголеми предноста сè до самиот крај.

На финалната маса настапија уште двајца македонски играчи – Горан Рошкоски, кој го освои петтото место и парична награда од 6.810 евра, како и Игор Четковиќ, кој заврши на шестата позиција со освоени 5.636 евра.

– Станува збор за уште едно одлично претставување на нашите натпреварувачи. Следниот Балкански покер шампионат е веќе закажан за периодот од 16 до 22 март – соопштуваат од Федерацијата.

Со оваа победа и освоените 30.000 евра преку зделка, Дадо Думаниќ сериозно се наметнува како кандидат за „играч на годината“ за 2025 година.

Слични Објави