Прилепската Гимназија и Касарната „Мирче Ацев“ го одбележаа својот патрон празник
СОУ Гимназија „Мирче Ацев“ од Прилеп го одбележа патрониот празник, 83 години од загинувањето на народниот херој Мирче Ацев
Во спомен и во чест на патронот делегации од Општина Прилеп и Советот на Општина Прилеп, од СОУ Гимназија „Мирче Ацев“, од касарната „Мирче Ацев“, Сојузот на борци од Прилеп, положија свежо цвеќе во Алеата на Могилата на непобедените, на бистите на народниот херој поставени во дворот во Гимназијата „Мирче Ацев“ и во дворот на касарната „Мирче Ацев“. Армискиот артилериски состав во касарната „Мирче Ацев“ одржа свечена програма, додека пак учениците од СОУ Гимназија „Мирче Ацев“ Прилеп одржаа свечена академија во чест на патронот.



