|

ДИМИТРИ КАТАРОСКИ СО ДОНАЦИЈА ЗА НАЈМЛАДИТЕ ПРИЛЕПЧАНИ

Отворен настан за најмалите во паркот кај Судот, исполнет со прекрасни изведби и активности, смеа и многу забава.

Благодарение на дарежливата донација од Димитри Катароски кој што живее и работи во Америка, успешно се обновија детските реквизити и свежината на паркот, претворајќи го во безбедно и пријатно катче за игра и дружење на најмладите.

Искрена благодарност до сите кои го помогнаа и поддржаа овој проект – вашата грижа и вложување се пример за тоа како заеднички можеме да го унапредуваме нашиот град и да создадеме подобри услови за живот. Нека овој чин на одговорност и дарежливост биде инспирација за сите нас! Преку заедничка работа и грижа кон заедницата, можеме да го зачуваме и унапредиме она што го имаме, оставајќи трајни вредности за идните генерации. - стои на фејсбук страната на градоначалникот Борче Јовчески.

Слични Објави