|

(видео) Николоски: Подобрувањето на патната инфраструктура во руралните средини

Подобрувањето на патната инфраструктура во руралните средини е еден од главните приоритети на нашиот тим. Свесни сме дека безбедните и квалитетни патишта се основа за рамномерен развој, посилна економија и подобар живот за сите жители на прилепските села.

Во следниот мандат предвидуваме рехабилитација на над 8.000 метри локални улици, со што ќе ја подобриме мобилноста и секојдневието на граѓаните. Следува реализација на неколку клучни инфраструктурни проекти:

  • реконструкција и проширување на патиштата Тополчани – Тројкрсти – Чепигово, Тополчани – Канатларци, Мало Коњари – Кадино Село, Беловодица – Дрен,
  • како и нови патишта Бешиште – Полчиште и Ореовец – Крстец.

Со овие проекти, Прилеп ќе добие подобра поврзаност, побрз пристап до училиштата, здравствените и економските центри, како и подобри услови за земјоделство, сточарство и локален бизнис.

Ова не се празни ветувања – туку реални, остварливи планови што произлегуваат од вистинските потреби на граѓаните. Нашата цел е секое населено место да биде поврзано, достапно и функционално.

Слични Објави