(видео) Лукароска: Услугите поскапеа, а јавните претпријатија со милионски загуби

Прилеп е наш заеднички дом — дом на нашите предци, на нашите родители, и треба да биде дом и на нашите деца. По четири години владеење на ДПМНЕ, градот остана опустошен, селата запуштени, граѓаните осиромашени. Сè поскапе — водата, даноците, комуналиите, превозот и паркингот — а јавните претпријатија станаа должници со над 2 милиони евра загуби.

Одговорноста лежи кај тогашниот претседател на Советот, Дејан Проданоски, и неговите партиски кадри кои ги уништија јавните претпријатија и го оптоварија џебот на граѓаните. Заедно со градоначалникот Јовчески, тие се виновни за уништениот спорт, пропаѓањето на „Победа“, за иселувањето на младите, запоставените улици и растечкото насилство кое го направи Прилеп лидер по инциденти и криминал.

Слични Објави