|

Потпишан меморандум за соработка за изработка на еко моливи и боички од отпадна хартија

Во Прилеп денес беше потпишан Меморандум за соработка помеѓу ЛАГ Агро Лидер и СОУ „Орде Чопела“ – Прилеп, со кој се официјализира заедничкото учество во проектот „Еко моливи и боички од отпадна хартија“.



Проектот има за цел од отпадна хартија да се создаваат нови, креативни производи – моливи и боички, изработени со енергетски ефикасни практики и целосно безбедни за децата и животната средина. Со концептот „3 hearts“ проектот испраќа јасна порака:

  • 💙 срце за спасување на дрвјата
  • ❤️ срце за грижа за планетата
  • 💚 срце за „обојување“ зелен свет

Покрај производството, ќе се спроведува и едукативна програма за учениците, со која ќе се промовираат придобивките од циркуларната економија и одржливиот развој.

Проектот е поддржан од People in Need North Macedonia (ПИН) во рамките на иницијативата „Граѓанското општество и младите за инклузивен и одржлив развој преку циркуларна економија во Македонија“, финансирана од Европската Унија и реализирана во партнерство со АРНО, LEAD и Ековита.

Според организаторите, соработката меѓу локалните образовни институции и граѓанските организации е клучна за поттикнување еко-свесност и создавање нови можности за младите.

Слични Објави