|

Ликовниот уметник Емил Солески добитник на признание од Општина Крушево – Прилепчанец со Крушевска тапија

По повод 8 Септември – Денот на независноста на Македонија и Денот на ослободувањето на Крушево, Општина Крушево и градоначалникот Томе Христоски му доделија признание на ликовниот уметник и професор по ликовно образование Емил Солески за неговиот посебен придонес во афирмацијата на општината во областа на уметноста.

Солески, кој повеќе од 25 години твори и работи во Крушево, истакна дека ова признание за него има особена тежина, бидејќи градот одамна го смета за свој дом.
„После 25 години работа во Крушево, веќе пола бев Крушевчанец. Сега добив ‘тапија’, пофалница како награда по повод празникот. Се чувствувам како да го добив клучот од градот и станав почесен граѓанин,“ изјави Солески.

Тој упати и благодарност до своите сограѓани Крушевчани, за поддршката што ја добивал сите овие години.
„Ви благодарам на сите, од најмладо до најстаро, за неизмерната поддршка која ја имам од ваша страна,“ порача уметникот.

Слични Објави