Нестабилно со локални врнежи – Временска прогноза за викендот
Центарот за управување со кризи – Прилеп ги информира граѓаните за состојбата со времето во наредните денови.
Според најавите од метеоролозите, Утре (Петок) ќе настапи преодно стабилизирање на времето, а во (Сабота) во југоисточните делови ќе има услови за изолирана појава на краткотраен дожд и ретки грмежи.
Во (Недела) повторно на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, наместа со поинтензивни процеси во форма на невреме.
Локален дожд ќе има и во (Понеделник) претпладне, а потоа ќе настапи стабилизирање на времето.



