Прилеп домаќин на меѓународен пингпонгарски турнир „Илија Карески – Каре”
Четвртиот меѓународен меморијален пингпонгарски турнир „Илија Карески – Каре” започна во Прилеп во чест на големиот тренер и спортски работник Илија Карески. Турнирот се одржува во спортската сала на ОУ „Добре Јованоски“ и ќе трае во текот на викендот, ќе собере пингпонгари од Македонија и од земјите во регионот, кои ќе се натпреваруваат во машка и женска конкуренција за категории кадети, младинци, сениори и ветерани.
Во ова четврто издание, се очекува учество на околу 100 пингпонгари од Црна Гора, Албанија, Косово, Србија, Грција, Бугарија и Македонија, што дополнително ја потврдува меѓународната значајност на турнирот. Натпреварувачите ќе се борат за атрактивни награди, меѓу кои 120, 80, 50 и 25 евра за првите осум места кај сениорите, 60, 40 и 25 евра за првите три места кај сениорките, додека за најуспешните кадети, младинци и ветерани ќе бидат доделени пехари и медали.
Организатор е клубот Младост 96.