|

Македонското грбословно друштво и Дом на култура „Драги Тозија“- Ресен во организација на изложбата „Македонија во светот на хералдиката“

На 19.10.2024 година (сабота), 12.00 часот, во ликовниот салон на Ресенскиот сарај, ќе биде отворена изложба под наслов “Македонија во светот на хералдиката”, во организација на Македонско грбословно друштво и Дом на култура “Драги Тозија” – Ресен.

На изложбата ќе бидат претставени 35 панели, кои содржат историски грбови, поврзани со Македонија од 14 до 21 век, грбовите на Македонија од европските и илирските грбовници, на Кралот на Македонија, припишаниот грб на Александар Македонски и принцот Македон од Ематија и современи македонски грбови на институции, организации, општински грбови и лични грбови.

Хералдика е уметност на исцртување на грбовите.

Автори на изложбата се: Иван Нацевски, потпретседател и д-р Јован Јоновски, претседател на Македонското грбословно друштво, а ликовното уредување е на Димитриј Михајловски, од истото друштво.

Промотор на изложбата е публицистот Ставре Џиков.

Покровител: градоначалник на општина Ресен, Јован Тозиевски.

Слични Објави