| |

„Културен Манифест“ со претставник во новиот Локален младински совет на Крушево

Здружението за афирмација на култура, екологија и рурален туризам КУЛТУРЕН МАНИФЕСТ – Крушево активно се вклучи во процесот на формирање на новиот Локален младински совет на Општина Крушево.

На денешниот состанок на локалното собрание беше изгласан новиот состав на советот, во кој ќе членува и кандидатката на здружението, Марија Котеска.

Од „Културен Манифест“ порачуваат дека очекуваат успешна работа, голем број реализирани проекти и активно вклучување на младите во креирањето локални политики и активности.

Слични Објави