МВР со 1.455 казни за два дена – еден од десет возачи без возачка дозвола

Во текот на изминатите два дена (13 и 14 август 2025) полициските службеници од сите сектори за внатрешни работи спроведоа засилени сообраќајни контроли на патиштата низ државата. Резултатот – вкупно 1.455 издадени казни.

Од нив, дури 145 прекршоци се однесуваат на возачи кои управувале возило без возачка дозвола. Под дејство на алкохол биле затекнати 20 возачи, кои веднаш биле исклучени од сообраќај, а 179 мотоциклисти биле санкционирани поради неносење заштитен шлем.

Најголем дел од прекршоците – 384 – се за непочитување на пропишаната брзина, додека 343 возила биле казнети за недозволено паркирање. Регистрирани се и 51 возач без сигурносен појас, 31 кои користеле мобилен телефон за време на возење, 27 кои минале на црвено светло, како и 7 возила со недозволено затемнети стакла.

МВР апелира до возачите да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи со цел поголема безбедност на сите учесници во сообраќајот.

Слични Објави