ПОВИК за Земјоделци од Преспа за учество вo „Програма за одржливо земјоделство“
Проектот „ЕУ за Преспа – Обнова на природни ресурси и зајакнување на одржливото земјоделство и туризам“ е насочен на одржливо управување и употреба на природните ресурси во Преспа кои ќе водат до подобрен квалитет на живот и економски развој преку „зазеленување“ на земјоделството и туризмот.
Во врска со ПОВИКОТ за Земјоделци од Преспа за учество вo „Програма за одржливо земјоделство“, предвидена е ИНФО СЕСИЈА, во Општина Ресен, на 31.07.2024 година во 10 часот, на која ќе бидат објаснети Повикот за Земјоделци од Преспа, Програмата за одржливо земјоделство, критериумите за избор, потребните документи за пријавување и временската рамка. Во прилог на оваа порака се наоѓа и поканата за Инфо Сесијата.
Во рамките на проектот, земјоделците ќе бидат поддржани со мерки за градење на капацитетите и финансиска поддршка за да се олесни нивната транзиција кон одржливи земјоделски практики, посебно во производството на јаболко, но и други култури. Проектот ќе промовира диверзификација на културите, како и органско и интегрирано производство и сертификација.
Програмата за одржливо земјоделство во Преспа е програма за градење на капацитетите на земјоделците во општина Ресен, Преспа. Програмата е планирана да содржи сет на обуки од областа на одржливото земјоделство и менторски сесии за техничка поддршка со цел усвојување на добри земјоделски пракси кои во исто време ќе допринесат до поголем принос за земјоделците од Преспа.
Рок за доставување на Пријавата за учество во Програмата за одржливо земјоделство во Преспа e 26 август 2024 година.
Грантовите ќе бидат во максимална вредност до 10.000 евра. Само земјоделци евидентирани во Регистарот на земјоделски стопанства на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство можат да бидат корисници на гратовата шема за поддршка на одржливо земјоделство.
Повикот со целата документација на следниот линк.
Грантовите ќе бидат комплементарни со постоечките програми на Инструментот за претпристапна помош за рурален развој – ИПАРД. Земјоделците кои користат ИПАРД, и друга финансиска помош од ЕУ и/или се корисници на претходни грантови преку проекти имплементирани од УНДП се подобни да учествуваат во тренинг програмата и да користат финансиска поддршка. Сепак, поддршката која би ја добиле од Програмата за одржливо земјоделство во Преспа ќе треба да ја надополнува претходно добиената поддршка (на пр. проширување на мерките, зголемување на обемот, диверзификација на културите и/или преминување кон органско производство). Затоа, УНДП ќе биде во тесна координација особено со тимот кој работи на ИПАРД за да се обезбеди комплементарност и да се спречи евентуалното преклопување.