СОУ„Ѓорче Петров“-Прилеп, ги отвори вратите за полуматурантите! (видео)
Денес во СОУ„Ѓорче Петров“-Прилеп, се одржа „Отворен ден“ за сите полуматуранти. Сите заинтересирани имаа можност да гo посетат и да се информираат за струките кои ги нуди.
Пречекани од училишниот бенд, кој се погрижи сите да се чувствуваат пријатно, полумантурантите слушаа што се училиштето нуди од професорите и учениците кои веќе го печат занаетот.
ДЕНЕС УЧЕНИК – УТРЕ СТРУЧЊАК е паролата која треба да ги насочи учениците кон тоа дека, со било која струка од СОУ„Ѓорче Петров“, ќе бидат спремни да се понудат на македонскиот пазар.