Чистење на речното корито во селото Алданци

Денес се спроведува активност за чистење на каналот од речното корито во селото Алданци. Акцијата е дел од планираните теренски интервенции што се реализираат во населените места на територијата на општина Крушево.

Во рамките на оваа активност се отстранува таложениот нанос и вегетацијата која го попречува протокот на водата. Целта е да се овозможи непречен тек на водата и да се намали ризикот од евентуални поплави во периоди со обилни врнежи.

Чистењето се врши со механизација, а во координација со надлежните општински служби. Слични зафати се предвидени и во други делови од општината.

Слични Објави