Проданоски: Трговски центар со забавен парк, нова димензија на животот во Прилеп!

Градиме трговски центар со забавен парк, нова димензија на животот во Прилеп!



Прилеп заслужува нова енергија и нови можности. Денес најавувам проект што ќе внесе свеж дух во нашиот град, изградба на современ трговски центар со забавен парк и паркинг простор во индустриската зона Металец.

Ова е нешто што Прилеп досега го немал, место каде што ќе се сретнат бизнисот, забавата и семејниот живот. Со овој проект создаваме нови инвестиции, нови работни места и нови можности за граѓаните и за локалниот бизнис.

Слични Објави