Крушево спремно за снежната сезона
Со првите снежни врнежи во Крушево, отворени се стазите за санкање на локацијата „Станич“, информира Општина Крушево.
Од општината посочуваат дека патиштата кон и во градот се редовно одржувани, проодни и исчистени од снег, што овозможува безбеден пристап за сите посетители.
Крушево и овој зимски период нуди поволни услови за зимска рекреација и престој, привлекувајќи љубители на снегот и планинската атмосфера од целата држава.




