Од полноќ поевтинуваат бензините за половина денар
Од полноќ следува нова корекција на цените на горивата. Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) денес донесе одлука со која малопродажните цени на бензините се намалуваат за 0,50 денари по литар.
Според новата одлука:
- ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе се продава по 88,50 ден/литар
- ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе чини 90,50 ден/литар
Цените на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) остануваат непроменети.
Оваа одлука е донесена врз основа на движењата на референтните цени на нафтените деривати на светските берзи, како и курсот на денарот во однос на доларот.
Следната корекција на цените се очекува за една недела, согласно методологијата на РКЕ за пресметка на цените на горивата.



