| | |

НАЈАВА ЗА КОНЦЕРТ НА ДУХОВНА МУЗИКА

Под диригентската палка на Гоце Секулоски, овој реномиран хор ќе изведе избрани композиции од православната духовна традиција, носејќи ја публиката низ звуци на верба, спокој и инспирација.

Љубителите на духовната музика ќе имаат можност да уживаат во возвишени звуци и хармонии на концертот на Црковниот хор „Св. Петка“ – Прилеп, кој ќе се одржи на 28 март 2025 година (петок) во фоајето на НУЦК „Марко Цепенков“ во Прилеп, со почеток во 20:00 часот. Настанот се организира со поддршка од Министерството за култура на Република Северна Македонија.

Слични Објави