Моментална проодност на патните правци низ земјава

Температури под нула, активни забрани за камиони на неколку патни правци

Дневни информации (14.01.2025, 08:24ч)

Автомото сојузот на Македонија информира дека сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови по влажни коловози со остатоци од кашест снег на коловозот по интервенцијата на дежурните екипи на ЈП Македонија пат. Врнежи од снег со слаб интензитет се бележат во Кичево, на Пресека и Буково.

Активни забрани за тешки товарни возила има на патните правци Гостивар – Маврово – Дебар, Гостивар – Стража – Кичево, Струмица – Берово, Тетово – Попова Шапка, Пресека, Ѓавато и Плетвар

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

Од „Македонија пат“ уверуваат дека патиштата низ државава се проодни, но на дел од патните правци има забрани за движење на тешки товарни возила.

——————————

УХМР и за денеска најавува провејување на снег, особено во југозападните делови. Минималните температури ќе се движат во интервал од -9 до -1 степен, додека максималните ќе се достигнат од -6 до 3 степени.

Слични Објави