Жртва на интернет измама – Битолчанка уплатила над 34.000 евра за „ветено наследство“
На 1 февруари 2025 – 62-годишна жена од Битола пријавила во СВР Битола дека e жртва на интернет измама, во која била манипулирана да уплати значителна сума пари на лице кое се претставувало како адвокат. Според пријавата, во ноември 2023 година, жената преку социјалните мрежи влегла во контакт со лице од Романија, кое тврдело дека има сериозни здравствени проблеми и нема семејство, но поседува заштедени 590.000 евра, кои наводно сакало да и ги подари на пријавителката.
Тие започнале комуникација преку апликацијата WhatsApp, каде „адвокатот“ наводно започнал со организација на постапката за пренос на средствата. Жената, верувајќи на информациите кои ги добила, уплатила вкупно 34.890 евра како „трошоци“ за спроведување на постапката.
Тогаш, кога не ги добила ветените пари, жената сфатила дека станала жртва на измама и го пријавила случајот во Секторот за внатрешни работи во Битола.