Европски грант од 1,1 милион евра за училиштата во Македонија

Околу 50 училишта ќе добијат фотоволтаични системи со поддршка од европски грант

Приближно 50 основни и средни училишта низ државата ќе бидат опремени со нови фотоволтаични енергетски системи, како дел од проект што се реализира со поддршка од Банката за развој при Советот на Европа.

Грантот изнесува 1,1 милион евра и се спроведува во соработка со Министерството за образование и наука. Воведувањето на обновливи извори на електрична енергија во училиштата има за цел значително да ги намали трошоците за електрична енергија, при што заштедените средства ќе бидат насочени кон подобрување на училишната инфраструктура, набавка на учебници и дигитални алатки за учениците.

Освен економски придобивки, проектот има и еколошка компонента – се очекува намалување на аерозагадувањето преку намалена употреба на традиционални извори на енергија.

Иницијативата е дел од пошироката стратегија за современо, одржливо и енергетски ефикасно образование, и се надоврзува на реформските процеси што се спроведуваат во наставниот систем.

Од Министерството најавуваат дека ова е само прв чекор во поголемата транзиција кон зелени училишта низ целата држава.

Слични Објави