Дожд, снег и пад на температурите во наредните денови
Најава за временска прогноза: Дожд, снег и пад на температурите во наредните денови
Утре времето ќе биде нестабилно со повремени врнежи од дожд, кои на одредени места ќе бидат пообилни и ќе надминат 20 литри на метар квадратен. Метеоролозите најавуваат и можност за појава на ретки грмежи.
Во повисоките подрачја дождот постепено ќе преминува во снег, додека на планините се очекуваат врнежи исклучиво од снег, при што ќе се формира и нова снежна покривка.
За време на викендот времето ќе биде променливо облачно и посвежо, со повремени врнежи со послаб интензитет. Ќе дува умерен, а на моменти и засилен ветер од северен правец.
Во понеделник се очекува краткотрајно стабилизирање на временските услови, додека веќе од вторник повторно се најавуваат нови врнежи.


