| |

2805 МАКЕДОНСКИ ДРЖАВЈАНИ ДОБИЛЕ ГЕРМАНСКО ДРЖАВЈАНСТВО

Минатата година, 2805 македонски државјани, добиле германско државјанство. 1375 мажи и 1430 жени, со просечна возраст од 30,8 години. Малолетници се 560 лица. За споредба, во 2023 година германско државјанство добиле само 665 Македонци.

Во 2024 година, германско државјанство добиле рекордни 291.955 странци, што е зголемување од 46% во однос на 2023 година, соопшти Сојузниот завод за статистика во Висбаден. Тоа е највисок број откако се води статистика од 2000 година.

Од земјите на Западен Балкан, најмногу натурализирани се од Косово (7480), Србија (4675), Босна и Херцеговина (3905), Албанија (3115), а најмалку од Црна Гора (355).

Порастот се должи на измените во Законот за државјанство од јуни 2024 година, со кои се овозможува задржување на претходното државјанство и добивање германски пасош по само пет години престој, или три години за лица со особени академски или професионални постигнувања.

Слични Објави