„Палачинкијада“ за крај на учебната година во Прилеп
По повод крајот на учебната 2024/2025 година, прилепските ученици ќе имаат можност да прослават со слатко и весело дружење – традиционалната „Палачинкијада“, која ќе се одржи на 10 јуни (вторник), со почеток во 19:00 часот, пред Камената Бина во Прилеп.
Настанот, ги обединува учениците од сите училишта во градот со заедничка цел – да се одбележи успешниот крај на учебната година на еден поинаков, забавен и вкусен начин.
Посетителите ќе можат да уживаат во неодоливи палачинки, кои ќе се подготвуваат на лице место, а за атмосферата ќе се погрижи познатиот DJ Oldschool Selector.
Кулминација на вечерта ќе биде свеченото прогласување на првенците на генерациите од прилепските училишта – момент кој со гордост го очекуваат и учениците и нивните семејства.
Општиа Прилеп упатуваат јавна покана „Дојдете со другарите, со празен стомак и добро расположение! Ајде да ја завршиме учебната година на највкусен и најзабавен начин!“