Укината целосната забраната за движење во шума

Јавното претпријатие „Национални шуми“ објави укинување на целосната забрана за движење во шуми и шумско земјиште, по проценката за намален ризик од појава на шумски пожари.

Според барањето од ЈП „Национални шуми“ (број 11-341/5 од 17.09.2024), Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство на Република Северна Македонија ја одобри оваа одлука, по отстранувањето на забраната која беше воведена на 15.07.2024 година. Оваа одлука се однесува на површините под шума и шумско земјиште управувани од ЈП „Национални шуми“.

Од претпријатието нагласуваат дека сите релевантни институции, вклучувајќи ги Министерството за земјоделство, Министерството за внатрешни работи, Министерството за одбрана, Шумската полиција, Центарот за управување со кризи, Дирекцијата за заштита и спасување, Државниот инспекторат за шумарство и ловство, како и средствата за јавно информирање и подружниците на претпријатието, се известени за спроведувањето на оваа одлука.

Слични Објави