ХРВАТИТЕ ПРОТИВ ВИСОКИТЕ ЦЕНИ НА ХРАНАТА
Хрватска се подготвува за бојкот поради високите цени на храната. Цените на храната во Хрватска растат неподносливо, потрошувачката кошница станува или поскапа или празна од недела во недела, а Владата одлучи да ги замрзне цените на некои производи. Како што се очекуваше, граѓаните исто така почнуваат да се будат. На социјалните мрежи циркулира порака за бојкот на малопродажните синџири, малите продавници и продавачите на пазарите во петок, 24 јануари 2025 година.Луѓето се поканети да не купуваат ништо тој ден.Само 10% од луѓето да го направат тоа е огромна загуба за малопродажните синџири. Вие нема да изгубите апсолутно ништо тој ден, но тие ќе изгубат.
Дали и кога би се разбудиле и ние!?