GENERALKA WEEKEND 2025 – Кривогаштани
Денес по втор пат Општина Кривогаштани се вклучува во националната акција GENERALKA WEEKEND 2025. Чистата животна средина значи поздраво население, поголема еколошка свест кај граѓаните и подобри услови за живот на сите нас. Со ваквите акции го поттикнуваме чувството на одговорност и заедништво, особено кај младите генерации.
Акцијата се спроведуваше на следните локации:
– Околу повеќенаменско игралиште во Кривогаштани
– Околу фудбалскиот стадион во Кривогаштани
– Околу сите подрачни училишта на територијата на Општина Кривогаштани
– Паркот во Кривогаштани
– Паркинг пазар Кривогаштани
Целта на акцијата беше да се собере што е можно повеќе отпад и да се подигне свеста на населението кон грижата за животната средина. За сите учесници ќе биде обезбедена соодветна опрема за акцијата.



