|

2000 искалемени овошки на 52та државната акција во Новаци

Денес, во Новаци се одржа традиционалната 52. по ред државна калемарска акција на диви овошки – манифестација со долга традиција која го негува знаењето и вештините за калемење и облагородување на овошки. Оваа година беа искалемени над 2000 садници, при што се калемеа диви круши (Горница) со сорти како Санта Марија, Вилијамовка, Клаповка, Јунска убавица и Боздоганка, како и диви сливи (Џанка) со сорти Чачанска Рана, Чачанска Лепотица и Пожегача.

Оваа акција е воедно и натпревар на калемење односно облагородување на дива круша Горница на која се калемееа сортите Санта Марија, Вилијамовка, Клаповка, Јунска убавица и Боздоганка и дивата слива Џанка на која се калемеа сортите Чачанска Рана, Чачанска лепотица и Пожегача. Денес беа искалемени повеќе од 2000 садници овошки.

Во манифестација учество зедоа ученици од ЦДОУ „Славко Лумбарковски“ од Новаци, средното земјоделско училиште,,Кузман Шапкарев” од Битола , студенти и фармери.

Калемарската акција на диви овошки е во организација на Народна техника на Македонија a вклучени беа и од ОО на Црвен крст Битола.

Со оваа акција се очекува искористување на диворастечката флора што ќе резултира со добивање на квалитетни плодови од еколошки чисто поднебје, а акцентот е токму на крушата која претставува овошје кое недостасува на домашниот пазар. Ваквите акции ќе дадат поттик кај месното население за зголемување на ангажманот и разгледување на можностите за проширување на сопствениот семеен бизнис, заживување на руралните средини и селскиот туризам, практична обука на ученици за калемење и сл.

Оваа акција започна во 2009 година кога на овој принцип беше извршено калемење и облагородување на повеќе од 2000 круши – горници во Битолскиот дел од Мариово, а потоа се спроведе и во други општини и региони низ државата.

Слични Објави