Крушево со нов Локален младински совет – младите ја добиваат својата гласност
Крушево доби нов состав на Локалниот младински совет (ЛМС), кој беше избран преку транспарентен процес на гласање од страна на делегатите во Локалното собрание на млади.
Претставници на младински здруженија и организации, меѓу кои „Од млади за млади“, „Емпауринг Крушево“, „Културен Манифест“, „Тихе“ и политичкиот подмладок СДММ, избраа пет млади лица кои ќе бидат дел од новото тело:
- Зоја Кардула (19) – студентка на Правниот факултет „Јустинијан Први“, активна во здружението „Тихе“ и учесничка во бројни Еразмус+ проекти.
- Зоран Кузманоски (23) – студент на Медицински факултет и координатор во студентската организација MMSA.
- Марта Кузманоска (20) – студентка и активистка во „Емпауринг Крушево“, со искуство во младински и еколошки проекти.
- Марија Котеска (16) – средношколка, поранешен ученички правобранител и волонтерка во Црвен Крст.
- Цветанчо Стојаноски (27) – претприемач и активен волонтер во културни настани.
Општина Крушево упати благодарност до членовите на Собранието на млади за нивната улога во фер и демократскиот избор: Евгенули Илиеска, Александра Здравеска, Илија Наумоски, Теодор Николоски, Петар Донку, Стефанија Кочоска, Ивана Кондоска, Мартина Чавкароска и Стефанија Петревска.
Со овој чекор, младите во Крушево добиваат поголема можност да влијаат врз локалните политики и развој, да предлагаат иницијативи и активно да учествуваат во креирањето на иднината на општината.



