Уникатно одбележување на Богојавление во Плетвар – Влегување во осветените води
Денес по петти пат кај селото Плетвар се одржа традиционалното влегување во водите од Плетварското езерце со оддавање почит на Светиот крст по повод православниот празник Богојавление Водици.
Околу 200 учесници од Прилеп, Битола, Велес, Скопје на Богојавление – Водици влегоја во осветените води на Плетварското езерце кај Прилеп.
Уникатен настан, наместо скокање и фрлање по Светиот крст секој верник кој што сака да биде дел од настанот, по осветувањето на водата од страна свештеникот влегува во крст кој е направен и поставен во водите од езерото, а настанот е од хуманитарен карактер.
Посебно внимание на денешниот настан привлече 2,5 годишната Јана Божиноска која влезе во водите од Плетварското езерце, најстариот учесник имаше 70 години.