КРУШЕВО ЌЕ ОРГАНИЗИРА МЕЃУНАРОДЕН ТУРНИР ВО ФУДБАЛ
Потпишан меморандум за соработка меѓу Општина Крушево и работници Благоја Гешоски и Миле Гаврилоски.
Предмет на овој меморандум е организирање на меѓународен турнир во фудбал за деца на возраст до 12 години, со цел турнирот да се одржува еднаш во годината во следните десет години на територијата на Општина Крушево.
Целта е придонес кон развој на фудбалот, особено на децата до 12 години во Македонија. економски и туристички придобивки за Општина Крушево, зголемена видливоста и препознатливоста на Општина Крушево како значајна спортска и туристичка дестинација, привлекувајќи голем број на учесници и посетители, развој на локалната економија преку активирање на сместувачки капацитети, ресторани и други услуги, засилување на инфраструктурните инвестиции.