Прилеп – најуспешна општина во спроведување на инклузијата за 2025 година
По повод Меѓународниот ден на лицата со попреченост – 3 Декември, Општина Прилеп организираше пригоден настан во киното „Мис Стон“, на кој учествуваа ученици од основните училишта, деца со попреченост од ООУ „Климент Охридски“ и штитеници од дневните центри „Ѕуница“, Центарот за лица со церебрална парализа и Центарот „Порака“.
Како резултат на досегашната работа, Општина Прилеп го доби признанието „Најуспешна општина во спроведување на инклузијата“ за 2025 година, во рамки на тригодишниот проект „Инклузија на деца со ПОП“ на здружението „Отворете ги прозорците“ и Детската фондација „Песталоци“. Од вкупно 12 општини-учеснички, Прилеп се издвојува со формирањето на општинско Инклузивно тело во кое активно учествуваат наставници, стручни соработници и специјални едукатори.
По повод 3 Декември, градоначалникот го посети и Дневниот центар „Ѕуница“, кој веќе 23 години обезбедува поддршка и грижа за децата со попреченост.



