Цвета Недеска е победник на „ВЕШТА ЖЕНА 2025“ (видео)
Викендов во Прилеп се одржа традиционалната манифестација „Вешта жена“, каде што учесничките презентираа уникатни декорации на јадења на различни теми. Оваа веќе традиционална манифестација има за цел да ја негува традицијата на подготовка на јадења од македонската кујна и да ги обедини жените од различни возрасти, национални и верски припадности.
Цвета Недеска која учествуваше за прв пат го освио жирито и ја освои првата награда.
Победничката од општинскиот натпревар ќе учествува на републичката манифестација „Вешта жена“, која ќе се одржи во Тетово. Ова претставува можност за прилепските учеснички да го покажат својот талент и да ја претстават својата заедница на национално ниво.