14-годишник пренесен во болница по сообраќајна несреќа на ул. „Тризла“
Повторно сообраќајна несреќа се случи на улицата „Тризла“. Според информации од очевидци, 14-годишен малолетник кој управувал мотоцикл, движејќи се по споредна улица која се вкрстува со „Тризла“, удрил во патничко возило.
Во несреќата малолетникот се здобил со повреди и веднаш бил пренесен со амбулантно возило во болница за укажување лекарска помош.
Во моментот се чека полициските екипи да извршат увид на местото на настанот, по што се очекуваат повеќе официјални информации.



