Бесплатен превоз за пензионери – Системот за дополнување на картичките не работи
Јавен градски превоз – Прилеп, ги информира сите пензионери со минимална пензија (во моментов 19.900 денари) кои имаат право на бесплатен превоз, дека можат да поднесат барање во периодот од 15.12.2025 до 15.01.2026 година.
Барањата се поднесуваат во просториите на ЈП за ПУП, ул. „Крушевска“ бр. 11А (старо шумско), секој работен ден од 08:00 до 15:00 часот.
Потребни документи:
- Копија од лична карта
- Чек од пензија од последниот месец
- Две (2) фотографии со димензии 35 мм x 45 мм
Се замолуваат сите заинтересирани да го запазат рокот за пријавување.
По истекот на рокот, правото за бесплатен превоз нема да може да се реализира.
За подигнување на картичките, корисниците ќе бидат дополнително информирани.
Според информација од корисник на градскиот превоз, денес системот за надополнување на ваучери не функционирал, а дополнително службениците информирале дека не знаат кога ќе биде поправен.,



