Распишан конкурсот за најдобра необјавена песна за деца „Тоде“
Здружението за поттикнување на развојот на книжевноста и други уметности „Креативна верига“ од Охрид го распиша конкурсот за наградата „Тоде“ за најдобра необјавена песна за деца.
Право на учество имаат сите домашни автори кои најдоцна до 30 декември 2025 година ќе испратат една своја необјавена песна на електронската адреса: nagradatode@gmail.com.
Стручно жири, чии членови ќе останат анонимни до затворањето на конкурсот, ќе ги избере трите најдобри песни. За најуспешните автори се предвидени следните награди:
- прва награда: 9.000 денари
- втора награда: 6.000 денари
- трета награда: 3.000 денари
Минатата година добитници на наградата „Тоде“ беа:
- прва награда: Марија Бошковска за песната „Во една шума чудесно чудна“
- втора награда: Светлана Котевска за „Бунт на природата“
- трета награда: Ружица Денковска за „Градинарска судница“
Наградата е финансиски поддржана од Општина Охрид.
Повеќе информации за конкурсот се достапни на фејсбук-страницата на „Креативна верига“, како и преку официјалниот конкурсен линк.



