ФИНАНСИСКИ СРЕДСТВА ЗА ОРГАНИЗИРАЊЕ НА ВОЛОНТЕРСКИ АКЦИИ
Повикот се однесува на доделување на финансиски средства од Буџетот на Општина Битола на реализација на активности од акцискиот план за развој на волонтерството, за организирање на волонтерски акции, а во насока на остварување на заложбите на Општина Битола за поддршка на граѓанските организации во промоцијата и поттикнувањето на активизмот на граѓаните и нивната поголема вклученост во активности од суштествено значење за локалната заедница, како што е волонтирањето и општествената одговорност.
Волонтерските акции може да се реализираат на отворен или затворен јавен простор (училишта, градинки, детски игралишта, плоштади, паркови и сл.) и вклучуваат граѓани од различни целни групи (пол, возраст, етнички и социјални групи, професии и сл.). Идеи за волонтерски акции: расчистување, садење дрвја и зеленило, разубавување на јавни простори, цртање на мурали, изработка на клупи/маси од палети, средување на училишни дворови, бојадисување на огради, вело паркинзи, канти за отпадоци, поправки и бојадисување на клупи, детски реквизити во паркови и сл.
Временската рамка за спроведување на волонтерските акции е до 15 декември 2024 година.
Висината на финансиските средства кои ќе се доделат за организација за волонтерска акција изнесува најмногу до 30.000 денари.
Вкупниот фонд за поддршка на волонтерски акции е 300.000 денари.
Повеќе информации за повикот, достапни се на следниот линк https://www.bitola.gov.mk/javen-povik-volonterstvo-akcii/