1200 ученици од основните и средните училишта од општина Прилеп го ФОРМИРАА МАКЕДОНСКОТО ЗНАМЕ

Денес во центарот на Прилеп по повод големиот национален празник 11 Октомври. беше изведен перформанс со ФОРМИРАЊЕ НА МАКЕДОНСКОТО ЗНАМЕ во кој што учествуваа околу 1200 ученици од сите основни и средни училишта од општина Прилеп.

После 5 години се возобновува оваа прекрасна традиција на формирање на македонското знаме во центарот на градот, перформанс во кој што учествуваа околу 1200 ученици од сите основни и средни училишта од општина Прилеп.

Овој чин нас не прави горди и говори за љубовта кон татковината и почитта кон нејзините историски вредности, кои се втемелени во сите сегменти од нашиот град и држава, за слобода и демократија на македонскиот народ, како и за создавањето и градењето на почит кон татковината од најмлада возраст, како клучен фактор за развивање на чуството кај младите луѓе да си ја сакаат, почитуваат, штитат и чуваат татковина, и да ги почитуваат сите нејзини национални белези и симболи.

Слични Објави