Отворени општини со отворени податоци – 2 „Неформален регионален информациски систем“
АГТИС и во наредниве две години продолжува со имплементација на проект – Отворени општини со отворени податоци – 2 „Неформален регионален информациски систем“, поддран од НЕД.
Целта на проектот е да се продолже во истата насока и да се помогне да се зајакне капацитетот на локалните институции за граѓанско структурирано информирање, отчетност и транспарентност, а со тоа и да се зголеми учество на граѓаните во процесите на донесување одлуки на локално ниво во Пелагонискиот плански регион (ППР), се со цел да ја зајакне побарувачката и јавниот притисок за отчетност и транспарентност на ЕЛС.
Директни корисници се граѓаните, општините, надлежните невладини организации, носители на експертиза и креативност во областа на локалната и регионалната демократија, медиумите, како и сите засегнати страни и сите корисници на општинските е-услуги и општинските отворени податоци.
Планираните активности, учества, обуки, настани , информирање, соработка, промоција… за поголема видливост и вклученост на сите засегнати страни ќе се постигнуваат и преку РД Хабот од порталот „Отворена телевизија“ (ОТВ) www.otv.mk како заеднички информативен сервис на 9 општини базиран на заедничка платформа.