Нико Чонески е нов градоначалник на Крушево

Нико Чонески е новиот градоначалник на Крушево. Tој во вториот круг од локалните избори успеа да направи пресврт против актуелниот градоначалник Томе Христоски со разлика од околу триесет гласа.

Иако во првиот изборен круг Чонески имаше негатива од околу 400 гласа, во вториот круг жителите на Крушево и околните населени места масовно излегоа на гласање, што донесе пресврт во резултатите.

Во највисокиот град на Балканот беше забележана исклучително висока излезност од 70%.

Слични Објави