Македонските ракометари пред нов европски предизвик – 2M Денари за секоја победа



Ракометната федерација на Македонија ја изрази поддршката за машката ракометна репрезентација во пресрет на настапот на Европското првенство 2026, кое од 15 јануари до 2 февруари ќе се одржи во Данска, Шведска и Норвешка.

Од Федерацијата посочуваат дека репрезентацијата ја обединува не само дресот, туку и заедничката љубов кон ракометот и Македонија, нагласувајќи дека настапот за националниот тим претставува чест, но и голема одговорност.

Се изразува уверување дека македонските ракометари ќе настапат со силна мотивација, мирна глава и целосна посветеност, а континуитетот на учества на големите натпреварувања, според РФМ, е доказ за сериозна работа и истрајност.

Во соработка со Министерството за спорт, најавено е дека ќе биде обезбедена премија од 2 милиони денари за секоја остварена победа, како и дополнителни 2 милиони денари за пласман во втората фаза од Европското првенство 2026.

Од РФМ упатија порака ракометарите да играат храбро и со срце, истакнувајќи дека Македонија стои зад нив на овој значаен европски настап.

Слични Објави