| |

Првиот Car Show во Битола собра љубители на автомобили од 5 држави

Денеска, Битола беше домаќин на првото издание на Car Show – Битола 2025, настан кој собра љубители на автомобилизмот од Македонија и регионот.

На изложбата учествуваа 160 возила од 29 градови и 5 држави, кои беа изложени на Широк Сокак. Манифестацијата понуди разновидни автомобилски категории – од класични модели до модерни тјунинг автомобили.

Car Club Bitola, организатор на настанот, истакна дека на оваа изложба учествувале автомобилски ентузијасти од Србија, Бугарија, Грција, Албанија и Хрватска, што го направи настанот меѓународен. Битола, како домаќин, ја потврди својата улога како важен центар за автомобилски настани во Македонија.

Токму оваа манифестација го привлекла вниманието на посетителите од различни генерации, а најголем интерес предизвикале автомобилите со уникатни тјунинг решенија и ретки модели. Многу од учесниците се натпреваруваа во категории како „Најдобро тјуниран автомобил“ и „Најстар автомобил“.

Битола уште еднаш докажа дека е центар на авто ентузијазмот!

Слични Објави